Достапни линкови

Расправа за новата влада


Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието.

Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието.

По експозето на мандаторот Никола Груевски бурна расправа во Собранието за тоа дали предложената влада треба да ја добие поддршката.

Воведниот говор на мандаторот Никола Груевски отвори бурна собраниска дебата за тоа дали предложената влада треба да ја добие поддршката на пратениците. Прва со реакција се јави опозицијата. Рекоа дека нема да ја поддржат старо-новата влада која се заснова на лаги и политички пазарења. На обвинувањата за политички пазарења меѓу колициските партнери реагираше Талат Џафери од ДУИ.
Темелни и основни принципи во Македонија биле и мора да останат, мирот и стабилноста на нашата држава, дијалогот за сите прашања, заедничката цел членството во ЕУ и НАТО.

„Албанскиот јазик, националното албанско знаме и прашањето на толкувањето на законот кој го донесе ова Собрание во 2002 година, се прашања за кои нема пазарење.“

Од опозициската ДПА, пак, со став дека поддршката на оваа влада ќе значи потсетување на горкото минато на Албанците.

„Ние ќе бидеме заштитник на Албанците од оваа антиалбанска политика која ја следевте во минатите три години и немаме сомнежи дека ќе продолжите да ја следните и во овој мандат“, изјави Имер Алиу од ДПА.

Експозето на мандаторот Груевски предизвика бурна расправа во Собранието

Со аргументи за поддршка на оваа влада се јави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој до неодамна беше шеф на македонската дипломатија.На Македонија и треба политичко водство коешто знае да ја цени огромната важност на добрите меѓуетнички односи како темелна потреба за стабилноста на земјава, рече Милошоски

„Темелни и основни принципи во Македонија биле и мора да останат, мирот и стабилноста на нашата држава, дијалогот за сите прашања, заедничката цел членството во ЕУ и НАТО.“

На говорот на Милошоски регираше Јани Макрадули од СДСМ. Зборувате за интеграција во НАТО, а пред неколку години НАТО го сметавте за агресор, обвини Макрадули.

„Министерското место го изгубивте поради тоа што бевте рекордер по непотизам во МНР, каде што вработивте милион братучеди и братучетки.“

Тито Петковски од Новата социјалдемократска партија реагираше на како што рече инертниот однос на владата и министерството за надворешни
Со работите што ги правевте кон амбасадорот Фуере, да не зборуваме за поставувањето на Мартин Треневски „НАТО реформаторот“ за амбасадор во НАТО, да не зборуваме за овие анонимуси кои станаа дипломати, амбасадори во Албанија, Турција и во низа други земји

работи во поглед на резолуцијата за евроинтеграции донесена и поддржана од сите политички партии во Собранието.

„Зошто барем малку не покажавте иницијатива дека не се согласувате со таква инертна свест кај премиерот и кај владата во целина.“

Низа критики за работењето на македонската влада особено во сферата на надворешната политика, упати и Гордан Георгиев од СДСМ. Тој обвини за нарушен меѓународен углед на Македонија.

„Со работите што ги правевте кон амбасадорот Фуере, да не зборуваме за поставувањето на Мартин Треневски „НАТО реформаторот“ за амбасадор во НАТО, да не зборуваме за овие анонимуси кои станаа дипломати, амбасадори во Албанија, Турција и во низа други земји.“

Собраниската расправа продолжува и утре. Таа ќе заврши утре, на полноќ кога пратениците треба да гласаат. Оваа влада ќе биде осмата по ред во независна Македонија, а мандаторот Груевски шестиот премиер кој веќе трет пат добива можност да формира влада.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG