Достапни линкови

Русија- Судот одлучува за помилување на Лебедев


Платон Лебедев

Платон Лебедев

Рускиот суд денеска треба да се произнесе за помилувањето на Платон Лебедев, соработник на затворениот нафтен тајкун Михаил Ходорковски.
Лебедев, кој беше службеник во сега веќе непостоечката нафтена компанија Јукос, е затворен од 2003 година, кога тој и Ходорковски беа уапсени под обвинение за даночно затајување.
Двајцата беа осудени во 2005 година, а потоа уште еднаш беа осудени за проневера на пари.
Лебедев отслужи половина од неговата 13 годишна затворска казна, и сега има право на помилување.
Критичарите велат дека случајот против Ходорковски и Лебедев е политички мотивиран.
XS
SM
MD
LG