Достапни линкови

Папандреу -останува либерализацијата на такси превозот


 Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска ги повика таксистите да го прекинат штрајкот, што веќе десет дена создава проблеми за туризмот, истовремено потврдувајќи ја и одлуката за либерализација на секторот за такси услуги, пренесоа агенциите.
Во изјавата пред парламентарната група на владеачката партија ПАСОК премиерот подвлече дека владата е подготвена да го сослуша секој предлог, но либерализација ќе има.
Туроператорите изразија жалење за ударот што му се нанесе на туристичкиот сектор од штрајкот и ги повикаа правосудството и владата да се замешаат.
XS
SM
MD
LG