Достапни линкови

МИМ реагира на одлуката за стечај на А1


Македонскиот институт за медиуми изразува жалење за одлуката со која првата приватна телевизија во независна Македонија, А1 телевизија е ставена под стечај, а колегите во телевизијата го изгубија работниот статус, се наведува во соопштението од МИМ.
МИМ бара Советот за радиодифузија да ги искористи сите законски можности кои му стојат на располагање, телевизијата А1 да ја зачува дозволата за работа, водејќи се од начелото за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност и заштита на плурализмот во медиумската сфера, што е и негова законска обврска.
Треба да се има предвид дека приватните медиуми не се какви било трговски друштва. Нивната дејност е од јавен интерес, бидејќи придонесуваат за демократскиот амбиент и ја збогатуваат разновидноста на мислења во јавната сфера. Згаснување на еден национален информативен медиум може да нанесе долгорочна штета на слободата на изразувањето и на медиумскиот плурализам во Македонија, стои меѓу другото во соопштението.
XS
SM
MD
LG