Достапни линкови

УНИЦЕФ ќе вакцинираат 300 илјади деца во Кенија


УНИЦЕФ денеска соопшти дека во рамките на програмата за итна здраствена заштита, ќе вакцинираат 300 илјади деца во Кенија, за да го намалат ризикот од ширење на заразни болести, кои можат да им ги пренесат бегалците од Сомалија.
Во рамки на двонеделната програма, ќе се вакцинираат децата од четири области во Кенија, и во најголемиот бегалски камп во Дадаб.
Децата ќе бидат вакцинирани со вакцини против детска парализа, сипаници , а ќе добијат и витамини и лекови за снижување на телесната температура.
XS
SM
MD
LG