Достапни линкови

Средба Санино-Црвенковски во Скопје


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски

Генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Стефано Санино,при денешната посета на Македонија, се сретна со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски.
На средбата Санино рекол дека за Македонија е многу важно европската агенда да стане национална агенда, со што земјата ќе го направи конечниот чекор за почеток на преговори со Европската унија, се вели во соопштението од СДСМ.
Црвенковски, го повтори ставот на СДСМ во врска со прашањето за името и истакнал дека во неколку сфери важни за демократијата во земјата, не само што нема напредок, туку постои и сериозно назадување. Лидерот на СДСМ, според соопштението, ги оценил како „особено загрижувачки состојбата со слободата на медиумите, партизацијата на администрацијата и политичките притисоци во судството
XS
SM
MD
LG