Достапни линкови

Собранието расправа за новата влада


Започна собраниската седницата на чиј дневен ред е избор на новата влада. Мандатарот Никола Груевски на седницата го преставува составот и програмата.
Според Деловникот , седницата трае два дена, а изборот на владата се врши најдоцна до полноќ. Според договореното на вчерашната координативна средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски веднаш по експозето на мандатарот свои обраќања ќе имаат претставници на шесте пратенички групи во Собранието, а потоа соодносот на говорниците ќе биде 2:1, во корист на опозицијата.
Според најавите од Кабинетот на претседателот на Собранието денеска седницата се очекува да заврши околу 20 часот. Седницата за избор на новата влада ќе продолжи утре во 11 часот.
XS
SM
MD
LG