Достапни линкови

logo-print

Специјалните единици се повлекоа од северот на Косово


Специјалните единици на косовската полиција се повлекоа од северот на Косово, изјави денеска портпаролот на косовската полиција Брахим Садриу.
Специјалните единици извршуваа задача за која беа задолжени. Нивната работа беше да овозможат на цариниците да ја извршуваат својата работа, рече Садриу, не прецизирајќи што точно значи тоа.
Тој рече дека сега на премини се наоѓаат цариници и припадници на пограничната полиција и оти ситуацијата на северот на Косово е мирна.
XS
SM
MD
LG