Достапни линкови

logo-print

Собраниска седница за изборот на новата влада. Политичките аналитичари велат дека Македонија ја има една од најбројните влади во регионот.

До утре на полноќ, Македонија треба да ја избере новата влада која ќе ја раководи земјава во следните четири години. Изборот на осмата по ред влада на независна Македонија ќе почне со воведниот збор на мандатарот Никола Груевски, по што ќе следи расправа на пратениците. Во експозето Груевски треба да ја образложи владината програма, како и персоналниот состав на владиниот кабинет.

Редоследот на пратениците што ќе учествуваат во претресот го утврди претседателот на собранието, Трајко Вељаноски. Соодносот на говорниците ќе биде два спрема еден во корист на опозицијата, а збор
Во определен дел од министерствата, во оние вицепремиерски и министерски функции, имаме да речеме министер за економија, а имаме и вицепремиер за економски прашања. Иако законски има јасна поделба, меѓутоа сметам во голем дел има преклопување на надлежностите.
нема да имаат пратениците предложени за министри во новата влада. Собраниската расправа треба да заврши до петок на полноќ, со избор на Владата. Се смета дека новата влада е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Она што е карактеристично за предложениот состав на владата е нејзината бројност. Политичките аналитичари велат дека велат дека Македонија ја има една од најбројните влади во регионот. Но, не секогаш квантитетот, значи квалитет, вели Владимир Мисев од Институтот за демократија и граѓанско општество.

„Во определен дел од министерствата, во оние вицепремиерски и министерски функции, имаме да речеме министер за економија, а имаме и вицепремиер за економски прашања. Иако законски има јасна поделба, меѓутоа сметам во голем дел има преклопување на надлежностите и во таа насока треба да се направи една рационализација и оптимизација на ресурсите и капацитетите коишто ги имаат министрите.“

Се смета дека новата влада е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието

Во таа насока е и поставувањето на уште еден министер без ресор. Мандатарот го дополни владиниот кабинет со уште еден министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. На оваа место е назначен Бил Павлески. Мисев укажува дека во време на финансиска криза потребно е да се внимава колку министерски места се отвораат и колку пари се трошат за нив.

„Во овој контекст на опкружување, кога гледаме дека сите соседни држави го намалуваат бројот на министерства мислам дека од финансиски аспект
Во овој контекст на опкружување кога гледаме дека сите соседни држави го намалуваат бројот на министерства мислам дека од финансиски аспект би било пооправдано доколку се намали бројот на министерствата, посебно оние министри што немаат ресори.
би било пооправдано доколку се намали бројот на министерствата, посебно оние министри што немаат ресори.“

Инаку имињата на министрите веќе неколку дена и се познати на јавноста. Најголемиот дел од нив ги задржаа старите позиции. Како нови во Владата седнуваат Спиро Ристовски како министер за труд и социјална политика, Никола Попоски како шеф на дипломатијата, Панче Кралев како прв човек на миснистерството за образование, Теута Арифи како вицепремиер за европски прашања, Невзат Бејта за локална самоуправа и Блерим Беџети како министер за правда.

Од заменичките позиции засега се знаат само оние на албанскиот владин партнер ДУИ, додека од ВМРО-ДПМНЕ не ги соопштуваат кадровските решенија. По изборот на Владата, веќе во петок е закажана седница на која ќе се избираат замениците министри.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG