Достапни линкови

Санадер - сослушување за случајот Хипо Банка


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска одново ќе биде сослушан во притворот од обвинители од службата за борба против корупцијата и организираниот криминал.
Сослушувањето на Санадер ќе почне во 14 часот, и ќе се фокусира врз случајот со „Хипо“ банката, во кој поранешниот премиер е осомничен дека побарал и добил процент.
Санадер на 21 јули беше испитан во врска со аферата за перење пари во „Фими медиа“ - во која Санадер се товари за проневера на околу 10 милиони евра државни пари. Според обвинението на УСКОК, Санадер ги принудувал директорите на јавните претпријатија и на претпријатијата каде што државата има мал дел акции да се рекламираат во „Фими медиа“.
XS
SM
MD
LG