Достапни линкови

logo-print

Бугарија - стапката на невработеност е 9,56%


Стапката на невработеност во Бугарија во текот на јуни, изнесуваше 9,56 проценти, соопшти денеска бугарската Агенција за вработување.
Според овие податоци, во јуни како невработени биле регистрирани 318.337 бугарски државјани, што претставува намалување во однос на мај 2011, кога без работа биле 328.533 Бугари.
Според резултатите од пописот, во Бугарија има 7,3 милиони жители од кои како работоспособни се евидентирани 3.282.740, што претставува за 374.653 помалку во однос на претходниот попис од 2001 година.
Лани стапката на невработеност во Бугарија изнесуваше 9,47 отсто со што продолжи трендот на нејзин раст. Во 2009 таа изнесуваше 7,59 проценти, а во 2008 6,31 насто.
XS
SM
MD
LG