Достапни линкови

logo-print

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кипар


Кипар - Чад од уништена електрична централа кај Мари.

Кипар - Чад од уништена електрична централа кај Мари.

Агенцијата за кредитни рејтинзи „Мудис“ ја намали оценката за кредитниот рејтинг на Кипар за две нивоа од А2 на Баа1.
Во соопштението на „Мудис“ се наведува дека ваквата одлука се должи на стравувањата поврзани со буџетската состојба на Кипар, како и поради последиците по кипарската економија од оштетувањето на најголемата електроцентрала во земјата, предизвикани од експлозиите во магацин со оружје во блиската воена база.
Перспективата на овој рејтинг е негативна, што значи дека тој би можел дополнително да биде намален доколку состојбата на Кипар не се подобри, се истакнува во соопштението на „Мудис“.
XS
SM
MD
LG