Достапни линкови

logo-print

Собраниска седница за избор на новата влада


Собраниската седница за избор на новата Влада ќе започне денеска напладне, а треба да заврши најдоцна до утре на полноќ со избор на владата. На седницата за избор на новата влада, како што се предвидува во деловникот, мандатарот Никола Груевски треба да ја образложи програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците. Гласањето за избор на владата се врши по предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање. Изјаснувањето се врши по завршувањето на претресот, а најдоцна на полноќ.
XS
SM
MD
LG