Достапни линкови

Почина ранетиот косовски специјалец


Косовски специјалец во Митровица.

Косовски специјалец во Митровица.

Почина припадникот на косовските специјални сили кој беше повреден во престрелките во близина на граничниот премин Брњак, соопштија косовските власти. Специјалецот починал доцна синоќа. Тој бил погоден со снајпер во главата. Иако бил веднаш префрлен во Ургентниот центар во Приштина, поради тешката состојба не можеле да го оперираат, по што им подлегнал на повредите.
Припадниците на косовската специјална полиција во понеделникот вечерта се обидоа да ја преземат контролата врз двата гранични премини кон Србија кои се наоѓаат во северниот дел на земјата, но локалното српско население ги спречи во обидот. Потоа избија инциденти, во кои неколку луѓе се повредени, меѓу кои беше и полицаецот, кој подоцна почина.
XS
SM
MD
LG