Достапни линкови

logo-print

Меѓународната заедница е загрижена за состојбата на Косово


Војници на КФОР пред мостот на реката Ибар во етнички поделената Митровица.

Војници на КФОР пред мостот на реката Ибар во етнички поделената Митровица.

Меѓународната заедница е загрижена за состојбата на Косово. Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, синоќа разговараше со претседателот на Србија, Борис Тадиќ, и со косовскиот премиер, Хашим Тачи, за ситуацијата на северот од Косово. Таа ја изрази загриженоста на Унијата поради ескалацијата на тензиите и нагласи дека дијалогот, под покровителство на Унијата е единствен пат за пронаоѓање на решение. Ештон ги повика Тадиќ и Тачи да помогнат да се отстранат тензиите и да сторат се што е во нивна моќ за да ја смират ситуацијата.

И САД сметаат дека е потребно итно да се спречи ескалацијата на насилството на Косово, соопштуваат од американската Амбасада во Белград. Во соопштението се наведува дека САД сакаат да видат мирна ситуација во северно Косово и ги повикуваат Белград и Приштина да ги постават условите за позитивен реципроцитет, односно услови под кои двата народи и стоката слободно ќе се движат меѓу Србија и Косово. Од американската Амбасада нагласуваат дека случувањата во северно Косово „не се одиграле во соработка со меѓународната заедница“.

Многу е важно ситуацијата на Косово да се реши мирно, соопштуваат од НАТО. Насилството не е начин, прашањето за граничните премини треба да се реши по пат на дијалог, соопштуваат од седиштето на НАТО во Брисел.
XS
SM
MD
LG