Достапни линкови

Косово - Суверенитет или загрозување на дијалогот со Белград


Косовските Срби го блокираа патот Лепосавиќ-Митровица.

Косовските Срби го блокираа патот Лепосавиќ-Митровица.

Претседателката на Косово Атифете Јахјага оцени дека акцијата на полицијата на Косово за преземање на контролата на граничните премини на северот од земјата е правилна и има подршка од народот, соопштуваат од нејзиниот кабинет.

И премиерот на Косово Хашим Тачи изјави дека одлуката да се воспостави ред и закон на северот од Косово е заснована на Уставот на земјата и претставува остварување на суверенитетот, уставноста и законитоста на Косово. Тачи изјави дека не било лесно да се донесе таква одлука, но неговата работа како премиер е да носи тешки, но правилни одлуки. Тој изјави дека не може да се толерира тоа што постојано се доведува во прашање суверенитетот на земјата и што еден дел од државата се користи за илегална трговија што е во спротивност не само на косовските, туку и но европските закони.

Од друга страна, претседателот на Србија Борис Тадиќ смета дека со акцијата на косовската полиција се загрозува дилајогот меѓу Белград и Приштина. Тоа е закана дека мировниот процес се доведува до крај пред да даде видливи и конкретни резултати, изјави Тадиќ.
XS
SM
MD
LG