Достапни линкови

Тридневна жалост за жртвите од авионската несреќа во Мароко


Кралската палата во градот Фез во Мароко.

Кралската палата во градот Фез во Мароко.

Во Мароко е прогласена тридневна жалост по авионската несреќа во која загинаа сите 80 патници. Воениота авион се урна вчера во планинските предели на југот од земјата. Тоа е најтешка авионска несреќа во историјата на Мароко. Се претпоставува дека причина за несреќата е лошото време. Во авионот од типот Ц-130 Херкулес, се превезувале 70 војници и 10 цивили. Кралот Мохамед Шести кој е и врховен командант на вооружените сили прогласи тридневна жалост.
XS
SM
MD
LG