Достапни линкови

Русија со поголем буџет за одбрана


Рускиот премиер Владимир Путин на нуклеарната подморница Александар Невски на 13 декември 2010.

Рускиот премиер Владимир Путин најави дека Москва ќе го зголеми воениот буџет за оваа година за речиси половина во споредба со минатите години. Парите ќе се искористат за модернизација и повторно вооружување. Путин изјави дека годинава ќе бидат потрошени повеќе од 27 милијарди евра за купување на оружје, за истражувања во областа на одбраната и за развој на тој сектор.
Зголемувањето доаѓа по истрагата наредена од претседателот Дмитриј Медведев. Тој нареди истрага по коментарите на конструкторот на воена опрема, Јуриј Соломонов, кој рече дека годинава нема да се произведе планираното оружје бидејќи Министерството за одбрана не бил ажурно.
XS
SM
MD
LG