Достапни линкови

Безбедност на охридските плажи


Спасители во Охридското езеро.
Спасители во Охридското езеро.

Генерално, плажите на oхридското крајбрежје се безбедни, иако некои закупци не ги почитуваат правилата и добија предупредување за отстранување на неправилностите.

Со втората контрола летово извршена од специјална комисија на Mинистерството за транспорт и врски, констатирано е дека плажите на oхридсото крајбрежје се преоптоварени со лежалки, не се почитува
Закупувачите се должни да го одбележат просторот за капење на езерото со бови за заштита на капалиштата и капачите од пловни објекти, како и да обезбедат служба за спасување.
пропишаното за слободен простор до 30 проценти од закупената плажа, поради што на закупувачите им е даден рок да ги отстранат неправилностите, во спротивно ќе им бидат раскинати договорите за закуп. Според Охридската капетанија, чиј инспектор ги контролира плажите, по нивното издавање под закуп на концесионерите пред четири
години, тие имаат помодерен европски изглед, опремени се со безжичен интернет, лежалки и други реквизити, соблекувални, кои некогаш немаат платно, а секаде нема и тушеви.

Плажа под закуп на Охридското крајбрежје

„Закупувачите се должни да го одбележат просторот за капење на езерото со бови за заштита на капалиштата и капачите од пловни објекти, како и да обезбедат служба за спасување. На 29 плажи на oхридското крајбрежје ангажирани се 42 спасители од страна на Црвениот крст, кои секојдневно се активни и две патроли со шест спасители патролираат долж крајбрежјето на oхридскиот дел на езерото. Плажите кои под закуп ги има издадено Mинистерството за транспорт ги задоволуваат условите и се покриени со потребен број спасители. Пропишано е дека на 660 метри квадратни водена површина треба да има минимум еден спасител“, вели Љупчо Настоски, капетан на Охридската капетанија на пристаништата.

„Досега имавме пет интервенции на активни давеници и нивно спасување кои беа успешни и кои ни даваат поттик и не уверуваат дека навистина се потребни спасителни служби, што е законски регулирано, а ние голема важност придаваме на професионалноста на спасителите, на нивната обука, секогаш гледаме да ги надргадиме нивните знаења, што го правиме и во меѓународни институции и организации и во делот на
Досега имавме пет интервенции на активни давеници и нивно спасување кои беа успешни и кои ни даваат поттик и не уверуваат дека навистина се потребни спасителни служби

првата помош и во делот на вештините и техниките за спасување. Имаме доста и опрема добиено од страна на странските иснтитуции и служби, а многу ретко од локалните и државните институции“, вели Сашо Точков, претседател на oхридскиот Црвен Крст.

Црвениот крст има 208 обучени спасители на вода за плажите и базените, а се подготвува и првиот брод амбуланта на Охридското Езеро за помош на плажите, за кого како и за центарот за безбедност на вода, се уште нема локација. Сепак се оценува дека плажите на Охридското Езеро се безбедни за капачите.

„Секојдневно можам да напомнам дека има контроли и прекршителите се санкционираат. Глобите, казните се движат за правни лица од 6 до 8 илјади евра во денарска противвредност, за трговец поединец од 3 до 5 илјади евра и за физички лица од 800 до две илјади евра. На лице место инспекторот може да изрече глоба од 600 евра доколку учесникот во пловидбата има желба да го плати прекрошкот. Најчесто прекршување е преоптовареност на пловни објекти, непотврдена способност за пловидба, немање уверение за управување, движење на помало растојание од брегот од она што е пропишано со законот за внатрешна пловидба, непоседување елеци за спасување и друго“, вели Настоски од Охридската капетанија.
XS
SM
MD
LG