Достапни линкови

А1 под стечај


Вработени на А1 ТВ пред владата
Вработени на А1 ТВ пред владата

Со отварањето на стечaјната постапка за А1 телевизија, се отвараат многу прашања за иднината на медиумот и за судбината на околу 250 вработени.

А1 треба да продолжи да работи и додека трае стечајната постапка, а стечајниот управник не треба да се меша во уредувачката политика додека трае процесот. Сепак, тоа е малку веројатно дека ќе се случи, вели
Стечајниот управник ќе си оцени дали треба да донесе нов главен и одговорен уредник.
поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски. Тој додава дека стечајниот управник ќе го има последниот збор во медиумот, а со тоа може да се очекува дека управителот ќе се меша и во уредувачката политика.

„Веројатно, кај нас веќе сите гледаме дека се мешаат сопствениците на медиумите, директорите се мешаат во уредувачката политика, што според мене е недозволиво. Меѓутоа очигледно такво е општеството, таква е медиумската атмосфера. Стечајниот управник ќе си оцени дали треба да донесе нов главен и одговорен уредник, тоа веќе се е до стечајниот управник.“

Сопственикот на А1, Велија Рамковски, неколку месеци е во притвор под обвиненија за затајување данок и економски криминал.

Доколку Советот за радиодифузија одлучи дека телевизијата треба да продолжи да емитува програма, стечајниот управник ќе одлучува дали ќе ги отпушти сите луѓе и ќе донесе нови вработени или ќе задржи на работа некој од досега вработените.

„Мислам дека може тоа да го направи, меѓутоа треба да донесе луѓе кои што сепак се камермани, новинари, монтажери итн, а таков кадар на пазарот сепак не може да се најде така лесно.“

Со отворањето на стечајната постапка за А1 телевизија им престанува работниот однос на сите. Станува збор за околу 250 вработени во телевизијата. Меѓу нив е и Сашка Цветковска која вели дека, иако таа и нејзините колеги иако не знаат што ќе прават од утре, најважно им е дали телевизијата ќе емитува програма и кој ќе ја пушта таа програма.
Малку од нас знаат што воопшто ќе прават и веројатно исто така многу мал е бројот на луѓето кои што мислат дека би нашле работа во новинарството повторно.

„Јас искрено не знам што ќе правам, но веројатно ќе отидам изутрина во телевизијата. Не знам како да се однесувам таму кога ќе влезам, не ми е јасно. Што ќе правиме понатаму? Па многу малку од нас знаат што воопшто ќе прават и веројатно исто така многу мал е бројот на луѓето кои што мислат дека би нашле работа во новинарството повторно.“

Ако се послужиме со примерите од минатото, Адамчевски вели дека и Нова Македонија беше под стечај, но тогаш вработените продолжиле да си ја работат работата без надворешни притисоци, затоа што стечајот треба да значи заздравување на фирмата која има проблеми, а не нејзина ликвидација.

Логото на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

„Нова Македонија исто така беше во стечај, но ние додека беше во стечај
работевме, а работевме и додека Нова Македонија беше во ликвидација. Така што тука се финесите околу кои што треба детално да ги проучи Советот за радиодифузија водејќи сметка и за јавниот интерес, затоа што станува збор за компанија која што е од поширок јавен интерес.“
Нова Македонија исто така беше во стечај, но ние додека беше во стечај работевме, а работевме и додека Нова Македонија беше во ликвидација. Така што тука се финесите околу кои што треба детално да ги проучи Советот за радиодифузија.

Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници изразија длабоко жалење поради стечајната постапка за ТВ А1 и се загрижени поради фактот дека многу луѓе ќе останат без работа. Во писмената реакција е наведено дека двете организации се надеваат дека постапката нема да доведе до згаснување на телевизијата, затоа што се уверени дека македонскиот медиумски простор би бил сериозно осиромашен со затворањето на најстарата национална приватна телевизија.

Синдикатот е во комуникација со синдикалниот претставник на ТВ А1 и до своите членови достави образец за побарувања кои треба да се упатат до стечајниот управник во случај на прекин на работниот однос.
Во соопштението се вели дека случувањата на „Перо Наков“ уште еднаш ја потенцираат потребата од организиран настап на фелата што ќе ги принуди работодавачите да не остават простор затворањето на некој медиум да биде претставено како борба против криминал, ставајќи знак на еднаквост помеѓу новинарството и незаконското работење.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG