Достапни линкови

Неколку повредени на северот од Косово


Kосовските специјални сили

Kосовските специјални сили

Повеќе луѓе се повредени денеска на северот од Косово, во престрелките меѓу локалното српско население и косовските специјални сили. Тензиите во регионот пораснаа откако косовските сили ноќеска се обидоа да ја преземат контролата на двата гранични премини во тој дел кои водат кон Србија. Медиумите јавуваат за различни бројки на повредени. По инцидентите контролата на премините ги презеде КФОР.
Иако медиумите јавуваа дека е постигнат договор меѓу Приштина и Белград, специјалците да се повлечат, а контрoлата да ја презеде граничната полиција, со поголемо учество на етнички Албанци, косовскиот премиер Хашим Тачи, рече дека договор нема и специјалните сили остануваат на премините.
Според медиумите се уште траат преговорите меѓу Приштина и Белград за решавање на ситуацијата. Треба да се реши последниот проеблем , односно кој ќе се гружи за чувањето на границата. Српските власти бараат на премините кон Србија да работат цариници од Еулекс и Срби, припадници на косовската полиција, како што беше и досега.
Претседателот на Србија Борис Тадиќ, рече дека акцијата на косовските сили за преземање на премините е употреба на сила и може да ги загрози преговорите што се водат меѓу Србија и Косово.
XS
SM
MD
LG