Достапни линкови

Забрана за излез од Иран за поранешниот лидер Катами


Поранешниот претседател на Иран Мохамед Катами

На поранешниот претседател на Иран Мохамед Катами му е забрането да ја напушти земјата, јавуваат иранските медиуми. Поранешниот претседател планирал да ги посети своите деца во Европа и да присуствува на политички семинар во Ирска, но властите не му дозволиле да ја напушти земјата. Катами е жесток противник на претседателот Махмуд Ахмадинеџад и се уште не го признава неговиот реизбор. Катами беше на чело на Иран од 1997 до 2005. На Катами и лани во април, му беше забрането да ја напушти земјата за да присуствува на конференција во Јапонија.
XS
SM
MD
LG