Достапни линкови

Проект на ЕУ за изградба на капацитетите на јавната администрација. Според власта администрацијата не е гломазна.

Изградба на капацитет за развој и координација за спроведување на Стратегијата на јавната администрација и изградба на капацитетите за соодветно спроведување на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор. Ова се двете клучни компоненти на проектот за реформи на јавната администрација финансиран од Европската унија, чие спроведување заврши по 21 месец. Тим лидерот Фолкрет Милч ги посочи продолжувањето на градењето на капацитетите во институциите и обуката на вработените во јавната администрација како клучни елементи:
Ако гледаме на задоволството на клиентите, посебно блиските односи со клиентите, потребно е да има постојана обука, посебно за вработените кои се во непосреден контакт со
клиентите.

„Гледаме дека во многу области, тука ќе се навратам на Фондот за здравствено осигурување, ако гледаме на задоволството на клиентите, посебно блиските односи со клиентите, потребно е да има постојана обука, посебно за вработените кои се во непосреден контакт со клиентите.“

Колку се задоволни граѓаните од работата на јавната администрација? Анкетираните се со поделени одговори:

„Дали работат, не знам.“

„Добро е, добро, не е лошо.“

„Не сме задоволни, како може да бидеме задоволни кога сме во криза сме, не ти даваат пари.“

Колку е ефикасна администрацијата?

Во јавноста се шират забелешките дека јавната администрација е гломазна. Министерот за јавна администрација, Иво Ивановски одвраќа:

„Да направиме компарација дека е гломазна, според што? Според
активната работа, според бројот на вработените.“

Сепак државата е најголем вработувач?

„Ако ја споредиме Словенија која што е помала по број на население таа има многу пати поголема администрација од Македонија.“
Ако ја споредиме Словенија која што е помала по број на население таа има многу пати поголема администрација од Македонија.

Запрашан за извештајот на државниот ревизор, според кој ¼ од јавните набавки се правени нетранспарентно, Ивановски вели дека не знае за кои институции станува збор:

„Според сите закони доколку такво нешто е направено некој ќе треба да одговара. Државниот завод за ревизија може тоа да го покрене, да информира кои институции затоа што во огромен број на набавки, торостепената комисија за јавни набавки која е независно тело има донесено позитивни резултати. Јас лично немам видено за кои набавки станува збор.“
XS
SM
MD
LG