Достапни линкови

logo-print

А1 оди под стечај, со што вработените остануваат без работа. Утре одлука дали ќе биде прекинато емитувањето на програмата.

А1 оди под стечај, а вработените ќе останат без работа. Судот денеска донесе одлука да отвори стечајна постапка против телевизијата. Адвокатот на А1, Виолета Дума најави дека ќе поднесе жалба.
Значи по сила на закон, повторувам, им престанува работниот однос на сите вработени кај должникот, и стечајниот управник е должен да им издаде решенија за престанок на работниот
однос.

„Ќе вложиме жалба заради тоа што некои од доказите кои ги приложивме не ни беа прифатени па ќе го видиме крајниот исход.“

Стечајниот управник, Ацо Петров, вели дека вкупниот долг на телевизијата е околу 30 милиони евра, од кои околу 9 милиони се кон УЈП. Со оглед дека судот отвори стечајна постапка за А1, согласно законот на сите вработени им престанува работниот однос, вели Петров.

„Значи по сила на закон, повторувам, им престанува работниот однос на сите вработени кај должникот, и стечајниот управник е должен да им издаде решенија за престанок на работниот однос.“

Сопственикот на А1 ТВ Велија Рамковски

Тој додава дека емитувањето на програмата зависи од надлежните институции, односно Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации.

„Како надлежни органи кои ја издале дозволата треба тие да се произнесат. Согласно законот за радиодифузна дејност, членот 62 став 1 е јасен, дали дозволата ќе важи или не, дали ќе престане или не, зависно од тоа ќе преземаме натамошни активности.“
Ќе вложиме жалба заради тоа што некои од доказите кои ги приложивме не ни беа прифатени па ќе го видиме крајниот исход.

Петров ќе преземе мерки, откако ќе добие информација дали А1 и натаму ќе продолжи да емитува програма.

„Може да се задржат одреден број на вработени, да се ангажираат, нормално со одредено одобрение на судот, за одредени неодложни работи, доколку треба тоа ќе се процени понатаму.“

Од Советот за радиодифузија велат дека најпрвин ќе се консултираат со правниот сектор околу тоа дали треба да биде прекинато емитувањето на програмата на А1, по што утре најверојатно ќе излезат во јавноста со својата одлука.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG