Достапни линкови

САД ги стави на црна листа „виновниците“ за смртта на Магнитски


починатиот адвокат

починатиот адвокат

Американскиот Стејт департментот стави на црната листа неколку руски официјални лица поврзани со смртта на адвокат Сергеј Магнитски кој почина во затвор. Магнитски кој помина 11 месеци во притвор, почина во 2009 година. Случајот предизвика меѓународна осуда.
САД забраниле да им се издаваат визи на луѓето кои се вмешани во смртта на адвокатот. Американите медиуми велат дека се преземаат чекори за забрана за издавање на визи на 60 луѓе Магнитски работеше како адвокат во инвестициски фонд. Тој пред да биде уапсен обвини дека Министерството за внатрешни работи на Русија создало шема за лажно присвојување на повеќе од 200 милиони долари од даночни пријави. Поддржувачи на адвокатот тврдеа дека намерно било запоставено неговото здравје,за да се замолчи.
XS
SM
MD
LG