Достапни линкови

logo-print

Норвешкиот напаѓач е „луд“, тврди неговиот адвокат


Геир Липестад, адвокат на норвешкиот напаѓач

Геир Липестад, адвокат на норвешкиот напаѓач

Адвокатот на човекот осомничен за петочните напади во Норвешка изјави дека неговиот клиент бил дел од меѓународна мрежа која има две ќелии во Норвешка и неколку во странство. Oсомничениот верува дека е војна и дека во воена состојба е нормално да се прават такви работи, вели адвокатот. Според адвокатот Геир Липестад, неговиот клиент е „луд“ и треба да се подложи на прихички третмани. Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик како што вели неговиот адвокат не бил свесен за бројот на жртвите ниту за незадоволството на јавноста.
XS
SM
MD
LG