Достапни линкови

НАТО посредува за ставање крај на новата криза во Косово


Косовските специјални полициски сили

Косовските специјални полициски сили

Косовските специјални полициски сили распоредени во текот на ноќта на северот од земјата, ќе се повлечат , како дел од договорот, постигнат со посредство на НАТО. Портпаролот на Алијансата рече дека редовната полицијата ќе ја преземе контролата на граничните премини и дека ќе бидат распоредени повеќе службеници етнички албанци да ја надгледуваат контролата на премините.
Портпаролот на полицијата,изјави дека еден полицаец е ранет во текот на операција, кога специјалните полициски единици на Косово биле блокирани од страна на локалното српско население во обидот да ја преземат контролата на вториот премин. Овој потег беше силно критикуван од страна на Европската Унија, која во моментот посредува за нормализација на состојбите во Косово. Портпаролката на Комесарот за надворешни работи, Кетрин Ештон рече дека косовските сили презеле акција без да се консултираат со меѓународната заедница, и ЕУ тоа го осудува.
XS
SM
MD
LG