Достапни линкови

ЕУ повика на дијалог за смирување на тензиите во Косово


Членови на косовската гранична полиција

Членови на косовската гранична полиција

Мисијата на Европската унија во Косово повика на дијалог за решавање на тензиите во северот нa Косово, по потег од страна на косовската полиција да ја преземат контролата на два гранични премини со Србија.
Портпаролката на Комесарот за надворешни работи на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека операцијата која синоќа била извршена од страна на косовските власти не е од корист. Таа рече дека операцијата била направена без консултација со меѓународната заедница и ЕУ не се согласува со тоа.
Во текот на ноќта, косовската специјалната полиција распореди свои сили на еден граничен премин на северот од Косово каде живее мнозинство српско население, по што локалното население го блокираше патот кон вториот премин.
Мировниците на НАТО беа распоредени во областа да ги смират тензиите.
XS
SM
MD
LG