Достапни линкови

Пофалба за норвешката полиција во случајот со напаѓачот


Норвешкиот министер за правда Кнут Сторбергет денеска ја поздрави „фантастичната“ работата на полицијата за апсењето на напаѓачот кој уби најмалку 76 луѓе,отфрлајќи ги критиките дека полицијата реагираше премногу бавно во случајот. На специјалните полициски сили им требало повеќе од еден час да стигнат до островот Утоја, каде осомничениот Андерс Бехринг Бреивик со огнено оружје уби 68 луѓе.
Министерот за правда рече и дека полицијата не ги игнорира заканите од страна на десничарските фанатици во Норвешка.
Полицијата денеска треба да ги објави имињата на жртвите, откако властите го ревидираа бројот на жртвите од 93 на 76.
XS
SM
MD
LG