Достапни линкови

Различноста на норвешкиот напад


Светот е се уште во шок по последниот напад во центарот на Осло и во летниот камп на островот Утоја
Светот е се уште во шок по последниот напад во центарот на Осло и во летниот камп на островот Утоја

Напад, во кој цел не се лица од друга вероисповед е нова појава и бара сериозна анализа, велат експертите.

Тешко е да се предвидат нападите со кои се нарушува безбедноста на една земја. Откако десничарски фанатик уби стотина лица во демократска
Европа веќе не е само бела, не е веќе само католички континент, тоа е конгломерат на многу идеи, на многу нации и тие разлики ќе постојат, туку на луѓето треба да им понуди еден нов живот, дека може да живеат заедно почитувајќи ги меѓусебните
разлики.
Норвешка, домашните експерти велат дека ваков вид екстремизам треба сериозно да се испита. Иако развиените земји се во постојан страв од можни теророистички напади од исламските екстремисти, нападот во Норвешка е различен од досега видените по тоа што лицето кое ги извршило се декларира како анти-исламист. Оваа појава во која цел на
нападите не се лица од друга вероисповед, е нова како за светот така и за нас, вели професор Владимир Пивоваров.

„Во овој дел од регионот, она што го покажува праксата на разузнавачките служби и безбедносните појави кои што не следат во овој долг период во однос на фундаментализмот и тероризмот укажуваат на сосема друга појава, на појава каде што цел на напади би биле лица од друга вероисповест.“


Во глобализацијата и искривениот систем на вредности, професорот Назми Малиќи гледа дел од причините за појавата на овие појави. Радикализмот, исламскиот фундаментализам, анти-исламизмот или воопшто потребата да се убие некого поради тоа што не припаѓа на истата вера или пак нема исти политички погледи кон светот, станува реалност, вели Малиќи.

„Таква категорија на луѓе мора да се детектира, да се спречи тој нивен екстремизам.“
Ако направиме анализа на она се што се случуваше во последните десет години, иземајќи го периодот на воените дејствија во Македонија, значи во овој период ние имаме ситуација каде што немаме многу вакви акти во однос на многу поразвиени од нас земји, ние покажавме дека имаме многу побезбедна ситуација на тој план.

Исламофобијата е присутна насекаде низ светот, па и тука вели Малиќи. Таквата социо-патолошка појава мора сериозно да се сфати, а надлежните во секоја држава да направат се за да ја спречат. Малиќи додава дека политиката има огромно влијание врз ширењето на верската омраза и наклонетоста кон радикални потези.

„Европа веќе не е само бела, не е веќе само католички континент, тоа е конгломерат на многу идеи, на многу нации и тие разлики ќе постојат, туку на луѓето треба да им понуди еден нов живот, дека може да живеат заедно почитувајќи ги меѓусебните разлики.“

Поранешниот шеф за разузнавање, Пивоваров вели дека преку професионално работење и соработка на македонските органи за разузнавање со другите регионални служби може да се превенираат појавите од тој тип. Експертите тврдат дека засега земјава нема опасност од ваков вид екстремизам во земјава. Според Пивоваров, во моментов Македонија е сигурно место за живеење.

„Ако направиме анализа на она се што се случуваше во последните десет години, изземајќи го периодот на воените дејствија во Македонија, значи во овој период ние имаме ситуација каде што немаме многу вакви акти во однос на многу поразвиени од нас земји, ние покажавме дека имаме многу побезбедна ситуација на тој план.“

Светот е се уште во шок по последниот напад во центарот на Осло и во летниот камп на островот Утоја. Особено загрижувачки се изјавите на убиецот дека неговите постапки биле свирепи, но неопходни, како и неговото мото подобро е да убиете премногу, отколку недоволно.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG