Достапни линкови

А1 Телевизија пред стечај, вработените на улица


Macedonia - Velija Ramkovski owner of A1 TV, Skopje, undated

Macedonia - Velija Ramkovski owner of A1 TV, Skopje, undated

Пред Основниот суд Скопје 2 денеска ќе се изјасни стечајниот управник на А1 телевизија Ацо Петров за тоа дали телевизијата треба да оди во стечај.
Петров пред судиите ќе го соопшти финансискиот извештај кој го подготвувал една недела, ќе даде предлог, по што за него ќе се изјаснат претставник на должникот и Јавното правобранителство.
Според Јавното правобранителство, кое е застапник на најголемиот доверител на А1, односно УЈП, условите за стечај во оваа фирма се исполнети. Како услов за отворање на стечајна постапка се посочува блокираната сметка на медиумот во период од 45 дена без прекин.
Доколку денес се отвори стечај за А1 телевизија на сите вработени ќе им бидат прекинати договорите за работа.
XS
SM
MD
LG