Достапни линкови

logo-print

САД на работ на буџетска криза


Американскиот претседател Барак Обама упати јавен апел до законодавците да постигнат компромис за буџетот и да биде избегната голема буџетска криза. Опозиционите републиканци не се согласуваат со предлог-буџетот на администрацијата на Обама и бараат поголеми кратења. Крајниот рок за договор е 2 август.

Во телевизиското обраќање од Белата куќа, претседателот Барак Обама предупреди дека Соединетите Држави се на само една недела од должничка криза, која ќе има тешки последици врз економијата и американскиот имиџ во светот. Обама, за кризата ги обвини
Им кажав на лидерите на двете партии дека мора да најдат фер компромис во наредните денови, кој ќе помине во двата дома на Конгресот, а јас ќе можам да го потпишам. Верувам дека доволно законодавци од двете партии ќе ја остават политиката настрана и ќе овозможат прогрес.
законодавците од Републиканската партија поради одбивањето на компромисот и инсистирањето само на кратење на трошоците, а не и зголемување на даноците за богатите Американци.

„За жал, во последниве неколку недели, републиканците се на став дека единствен начин за гласаат за буџетот е останатите да се согласат со нивниот пристап на големи кратења. Доколку не попуштат, ќе немаме пари да ги платиме нашите сметки, во кои се вклучени исплатите за социјално осигурување, за ветераните, за владините договори со илјадници бизнисмени. За прв пат во историјата, ќе се намали нашиот кредитен рејтинг.“

Обама, сепак, изрази надеж дека во наредните неколку дена е можен компромис.

„Им кажав на лидерите на двете партии дека мора да најдат фер компромис во наредните денови, кој ќе помине во двата дома на Конгресот, а јас ќе можам да го потпишам. Верувам дека доволно законодавци од двете партии ќе ја остават политиката настрана и ќе овозможат прогрес.“

Републиканците не попуштаат

Републиканците тврдат дека нема да гласаат за предлог буџет кој предвидува зголемување на даноците. Нивниот претставник Џон Бонер, исто така во телевизиско обраќање, оцени дека Американците не сакаат зголемување на долгот без значителни кратења и реформи.

Џон Бонер

„Знаете, јас секогаш верувам дека колку е поголема владата, толку е помал народот. Сега имаме толку голема и скапа влада што тоа е против иднината на народот и против економијата. Решението е едноставно, да се троши онолку колку има.“

Доколку до 2 август републиканците и демократите не успеат да се договорат за буџетот, Соединетите Држави веќе не ќе можат да позајмуваат пари и да ги плаќаат сметките, што, според аналитичарите, би довело и до нова глобална економска криза. Поради неизвесноста со американскиот буџет, доларот и американските берзи се во пад, а цената на златото достигнува рекордни вредности и се продава за над 1.600 долари за унца.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG