Достапни линкови

logo-print

Ситуацијата на северниот дел на Косово тензична


Kosovo -- Trucks with goods from Serbia are stopped and turned back at the Merdare border crossing point between Kosovo and Serbia, 22Jul2011

Kosovo -- Trucks with goods from Serbia are stopped and turned back at the Merdare border crossing point between Kosovo and Serbia, 22Jul2011

Специјалните единици на Косовската полициска служба синоќа започнаа со преземање на царинските пунктови на границата.
Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ и шефот на српскиот преговарачки тим во дијалогот со Приштина Борко Стефановиќ заминаа синоќа за Косово.
Тие изјавија дека чекаат одговор од Приштина на понудата која му ја изнесоа на командантот на КФОР за повлекување на специјалците на КПС од пунктовите на кои се распоредени.
- Командантот на КФОР моментално се консултира со премиерот Хашим Тачи, бидејќи тој нема овластување да наложи повлекување на косовските специјалци, изјави Стефановиќ.
Тој додаде дека блокадите на патиштата и протестите на Србите ќе продолжат доколку Приштина не одговори со повлекување на специјалците, бидејќи косовските Срби од северниот дел се решени да не им дозволат на специјалните сили на косовската полиција да дејствуваат во ова подрачје.
Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека специјалците на КПС нема да бидат повлечени „се додека не биде постигнат договор во врска со двата премини во северниот дел на Косово“.
XS
SM
MD
LG