Достапни линкови

Продолжува истрагата за нападите во Норвешка


Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик

Осомничениот Андрес Бехринг Бреивик

Норвешките власти продолжуваат со истрагата за нападите во Осло и островот Утоја во кои загинаа најмалку 76 лица, откако осомничениот потврди дека имал соучесници.
За време на вчерашното сослушување судијата на осомничениот Андерс Бехринг Бреивик му даде притвор од осум недели, од кои првите четири ќе ги помине во излоација.
Според властите, Бреивик пред судот изјавил дека има уште две ќелии, кои биле дел од анти-исламското движење.
XS
SM
MD
LG