Достапни линкови

Молк за случајот „Милчин“


Владимир Милчин
Владимир Милчин

Власта без коментар за обвинувањата од директорот на Фондацијата отворено општество, Владимир Милчин, за политички линч со процесот на лустрација.

Портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, вели дека Владата не коментира прашања кои се поврзани со процесот на лустрацијата, бидејќи тоа прашање е регулирано со закон и си има комисија избрана од
Јас мислам дека ова е политички линч на Владимир Милчин. Крајната мета на тој линч мислам дека не е Владимир Милчин туку Фондацијата - Отворено општетво за Македонија.
Собранието. Тој додава дека владата не се меша во ингеренциите на комисијата и не коментира одделни случаи, иако ова не е прв случај некој да се жали. Тоа е работа на комисијата, дециден е Мартиновски.

Секретарот на опозициската СДСМ Андреј Петров вели дека партијата за сега се воздржува од коментар.

Претходно Милчин ги негираше наводите дека соработувал со тајните служби . Тој вели дека „таканаречената лустрација е пресметка со политичките неистомисленици“.

„Јас мислам дека ова е политички линч на Владимир Милчин. Крајната мета на тој линч мислам дека не е Владимир Милчин туку Фондацијата - Отворено општетво за Македонија. Зошто? Затоа што таа фондација е еден од истрајните бранители на демократијата, слободите и правната држава во Република Македонија. “

Јас сум жртва, а не кодош
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:49 0:00


Како доказ, Милчин на медиумите им го покажа досието што било водено за него и истакна дека е невозможно во исто време да бил и кодош и кодошен. Тој истакна дека единствен начин за борба со оваа злоупотреба е јавноста и најави дека ќе го објави речиси целото досие на интернет, иако
Ако ние имаме направено грешка, тоа ќе се утврди на суд.
претходно побарал тајност на податоците до неговиот 100-ти роденден. Милчин вели дека при политички линч покрај луѓето страдаат и процедурите и правната држава.

Претседателот на комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, изјави дека овој случај не е политички инструментализиран.

Дел од досието на Владимир Милчин, во кое пишува дека тој „нема однос со органите за внатрешни работи“, кое Милчин им го достави на новинарите.

„Ако ние имаме направено грешка, тоа ќе се утврди на суд. Истото го имавме и со дотичниот господин Трендафил Ивановски, бил репресирано лице па искочи дека не бил репресиран. Ќе видиме на крај.“

Пред неколку дена, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу изјави дека начинот на кој функционира комисијата и она што се појавува во јавноста го покренуваат сомнежот дека се можни и притисоци врз комисијата, затоа што е невозможно во една држава која излегла од тоталитарен систем што траел со децении да нема кодоши, или кодошите да се луѓе кои прават најмалку штета на политичката сцена во тој момент.

Ова е четврти случај за кој комисијата за лустрација утврди постоење докази за соработка со тајните служби.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG