Достапни линкови

Два авиони учествуваат во гаснењето на пожарот во Вранешница


илустрација

илустрација

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска, противпожарни екипи на шумското стопанство „Лопушник“ на територијалната противпожарна единица од Кичево и Охрид го гаснат пожарот во село Челопеци во општина Вранештица, каде гори смрека, сува трева и густа ниска дабова шума. Во акцијата за гаснење на пожарот вклучени се и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. Оперативното координативно тело за заштита на шумите од пожари, денеска преку соопштение предупреди дека иако опасноста од настанување на пожари е намалена, поради најавеното намалување на температурите, таа реално сеуште постои и може да предизвика големи штети, пред се во Повардарието, како и во Охридско-битолскиот и Прилепскиот регион каде што не се очекуваат врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG