Достапни линкови

logo-print

Летни високи температури, а дебарчани се соочуваат со рестрикција на вода.

Во Дебар и оваа лето е воведена рестрикција на вода, бидејќи повеќе населби во градот немаат со часови вода за пиење и покрај тоа што температурите се максимално високи. Во овие летни денови кога во општината престојуваат и голем број на иселеници и печалбари кои летните одмори ги минуваат во родниот крај, Јавното комунално претпријатие ,,Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар се определи за рестрикција со која градот нема вода неколку часови.
Потрошувачката на водата е видно зголемена и бевме приморани да воведеме рестрикција. Оваа рестрикција веруваме дека ќе помогне да сите делови од градот имаат вода, јасно со рестрикции од неколку часа.

„Во Дебар моментално покрај нашите сограѓани престојуваат и околу 5.000 иселеници од Америка и печалбари кои се дојдени од западноевропските земји. Потрошувачката на водата е видно зголемена и бевме приморани да воведеме рестрикција. Оваа рестрикција веруваме дека ќе помогне да сите делови од градот имаат вода, јасно со рестрикции од неколку часа, но исто така и да имаат доволен притисок на водата за да граѓаните се задоволни од водоводната мрежа“, истакнува директорот на ЈКП „Стандард“, Мазлум Леши.

Лани и годинава во Дебар беа поставени дигитални водомери во повеќе населби, но и тие не даваат некои нагласени економски ефекти во трошењето на водата бидејќи температурите достигнуваат и до 40 целзиусови степени, велат во „Станрад“.

Дебар.

Директорот Леши додава дека:

„Поставувањето на дигиталните водомери помогна да се откријат брзо злоупотребите. Но, факт е дека оние кои користат дигитални водомери нагласуваат дека се подготвени да плаќаат за потрошената вода која во овие летни тропски температури им е повеќе од потребна.“

Во ова јавно комунално претпријатие додаваат дека има и големи злоупотреби на водата за пиење за наводнување на зелени површини. Со водоснабдувањето особено големи пробелеми имаат жителите на населбите Ново Коњаре, Венец еден и Венец Два, во станбениот блок на колективните згради и делови на центарот на градот каде што вода нема и по десетина часови.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG