Достапни линкови

Иран ќе ги ослободи двете актерки кои беа притворени месецов


Актерката и режисер Пега Ахангарани

Актерката и режисер Пега Ахангарани

Иранските судски власти денеска соопштија дека ќе ги ослободат од затвор со кауција актерка и режисер Пега Ахангарани и актерка Марзаи Вафамехр кои беа уапсени претходно овој месец. Режисерката беше уапсена пред да замине во Германија за да пишува за впечатоците од Светското првенство за жени во блог креиран за неа од страна на Дојче Веле. Таа ја поддржуваше кандидатурата на поранешниот лидер на опозицијата Мир Хосеин Мусави на изборите во Иран во 2009 година
Вафамехр беше уапсена откако се појави во филмот „Мојот Техеран на продажба“, кој наиде на остри критики во конзервативните кругови.
XS
SM
MD
LG