Достапни линкови

Хаџиќ одби да се изјасни по обвинението


Горан Хаџиќ по апсењето.

Горан Хаџиќ по апсењето.

Поранешниот лидер на хрватските Срби, Горан Хаџиќ, во денешното прво појавување пред Хашкиот трибунал за воени злосторства, одби да се изјасни за вината по обвинението за злосторства над несрпското население во Хрватска во периодот од 1991 го 1993 година. Тој го искористил правото да го одложи изјаснувањето за вината за еден месец, додека не именува постојан бранител.

Во посочениот период, Хаџиќ беше премиер на Српската автономна област Славонија, Барања и западен Срем, а подоцна и претседател на самопрогласената Република Српска Краина.

Тој беше донесен во Хаг во петок, откако српските власти го уапсија два дена претходно. Горан Хаџиќ е последниот српски бегалец по кого трагаше Трибуналот за воени злосторства на просторот на поранешна Југославија.
XS
SM
MD
LG