Достапни линкови

Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Во бугарското собрание се расправа за изгласување недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. Иницијативата е покрената од опозицискиот блок Ова е трета иницијатива за изгласување недоверба на Владата на Борисов од нејзиното формирање пред две годии. Првите две иницијативи беа отфрлени, бидејќи не добија поддршка од мнозинството пратениците во Собранието.
Предлагачите како причини за најновата иницијатива за изгласување недоверба на Владата ги наведуваат лошите антикризни мерки, како и лошата безбедносна политика, поради која, според нив, е одложен приемот на Бугарија на Шенген зоната.
За иницијативата да биде усвоена таа треба да добие поддршка од најмалку 121 од вкупно 240-те пратеници во бугарското Собрание.
XS
SM
MD
LG