Достапни линкови

Ваши коментари


И натаму бројни коментари од нашите слушатели за темата во рубриката Хајд парк каде прашуваме: Каде е поубаво да се оди на одмор?

Инспирирана од веста од Охрид, дека за време на саботните журки по охридските плажи, група арамии ограбувале и кршеле автомобили на годишноодморците и викендџиите, а полицијата никого досега не открила, еве уште еден ваш коментар од Хајд паркот каде што ве прашуваме каде е поубаво да се оди на одмор, во Охрид или некаде по странските одморалишта и мориња.

Слаѓана од Скопје пишува: „Не ти треба соба со поглед на езеро, секако цел ден на плажа ќе бидеш. Не ти треба вечера кај нас, пошто в град ќе си појдите. И да ви спремам, за 15 евра само салата ќе изедете и ќе си појдете в град“ - ова, пишува Слаѓана, е одговор од домаќинката на една вила со апартмани.

Епа, охриѓани, дебело подзамислете се по сите коментари, не само во нашиот Хајд парк, и немојте да се чудите зошто сезоната ви трае само еден месец!
Не ти треба соба со поглед на езеро, секако цел ден на плажа ќе бидеш. Не ти треба вечера кај нас, пошто в град ќе си појдите.

Од политичките теми, на нашиот текст „Политиката над правдата“, а во врска со амнестијата на хашките случаи, повторно Слаѓана, пишува дека со ова простување, Албанците, пак, ќе правеле насилства за да го постигнеле тоа што го сакаат. Насилството, коментира таа, не смее да остане неказнето, има убиени и малтретирани луѓе и тоа никој не може да го оправда. Исто така во врска со овој случај, Перица од Скопје му се обраќа директно на премиерот Груевски и од него чека одговор: „Дали е толку слатка фотелјата па сега можете да се погледнете во огледало горд што сте Македонец, а околу вас чемер и јад?“.

На нашиот текст „Советот за радиодифузија по волја на власта“, има само еден коментар и тоа од Владо кој смета дека сите консултирани експерти
Дали е толку слатка фотелјата па сега можете да се погледнете во огледало горд што сте Македонец, а околу вас чемер и јад?
во текстот требале да дадат конкретни аргумент за тоа што го тврдат, а дека повлекувањето на членовите од Здружението на новинарите од Советот било своевиден притисок врз јавноста и врз власта.

На темата од економијата, „Нереално намалување на невработеноста“, слушател потпишан како Јосиф Давидов, смета дека бројката на невработени во Македонија е многу помала, за најмалку 100 илјади, вели, затоа што толку, а можеби и повеќе работат на црно, а се пријавуваат како невработени. Јосиф пишува и дека сигурно 50 проценти од вработените во градежните фирми не се пријавени, исто како и голем број од други дејности, така што, бројката на невработени не е поголема од 200 илјади. Таква е математиката на слушателот Јосиф Давидов.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG