Достапни линкови

logo-print

Бугарија го протера либискиот дипломат од земјата


тенк на либиските бунтовници

тенк на либиските бунтовници

Бугарија денеска го прогласи за „персона нон грата“ советникот за конзуларни прашања во либиската амбасада во Софија. Ибрахим Ал-Фурис има рок од 24 часа да ја напушти земјата, соопштија од бугарското Министерство за надворешни работи. Од министерството не објаснуваат кои се причините за протерувањето на дипломатот, но велат дека процесот се спроведува врз основа на Виенската конвенција за дипломатски односи.
Бугарија на 28 јуни го признаа бунтовничкиот Преоден национален совет во Либија како легитимен претставник на власта во земјата.
XS
SM
MD
LG