Достапни линкови

logo-print

Норвешкиот напаѓач денеска треба да излезе пред суд


Новинарите чекаат пред судот во Осло

Новинарите чекаат пред судот во Осло

Норвешките обвинители побараа судот да не им дозволи на јавноста и на медиумите да присуствуваат на сослушувањето на човекот осомничен за убиство на повеќе од 93 луѓе во нападите во петокот.
Осомничениот, Андерс Бехринг Бреивик денеска треба да се појави во судот во Осло.Тој призна дека ги извршил нападите на владини згради во Осло каде имаше 7 жртви, и подоцна на островот Утоја при што загинаа најмалку 86 луѓе.На сослушувањето Бреивик преку својот адвокат сака да ги објасни мотивите за своите постапки.
Судијата ќе ја донесе конечната одлука дали ќе дозволи сослушувањето да биде отворено. А исто така треба да одлучи дали ќе му го продолжи притворот на Бреивик.
XS
SM
MD
LG