Достапни линкови

Една година по трагедијата на „Љубовна парада“


Илјадници луѓе денеска ја одбележуваат првата годишнина од несреќата што се случи за време на фестивалот „Љубовна парада“ во Дуизбург. Во несреќата загинаа 21 човек, а повеќе од 500 беа повредени.
Околу 7.000 луѓе денеска на градскиот стадион им одадоа почит на жртвите, одржуваа говори, слушаа музика, палеа свеќи.
Инцидентот се случи на 24 јули, 2010 кога огромна маса луѓе сакале да минат низ тесниот тунел, по што ги фатило паника и во обидот да излезат, многу од нив биле прегазени.
XS
SM
MD
LG