Достапни линкови

Црвениот крст доставил 400 тони храна во Сомалија


Над 400 тони храна биле доставени во погодените од суша региони во Сомалија, кои се под власта на бунтовниците од Ал Шабаб, сопштија од Меѓународниот Црвен крст. ОН се подговтуваат да одржат состанок за кризата во сушните региони во Африка. Официјални претставници на ОН велат дека во текот на изминатите неколку месеци, илјадници луѓе загинале а милиони се погодени од најголемата суша во последните 60 години. Сушата предизвика хаос во погодената од војни Сомалија, но ги погоди и Џибути, Етиопија, Кенија, Судан и Уганда. ОН стравуваат дека 12 милиони луѓе се соочуваат со глад.
XS
SM
MD
LG