Достапни линкови

Муслиманите во Европа загрижени по нападите во Норвешка


Џамија во Лондон

Џамија во Лондон

Ќе се постави дополнително обезбедување на џамиите во Велика Британија, по смртоносните напади во Норвешка, изјави Мохамед Шафик, лидерот на Фондацијата Рамадан, една од најголемите муслимански групи во Велика Британија. Тој вели дека таквата мерка се презема во случај да не дојде до зголемување на гневот против муслиманите и обвинувања дека тие се виновни за нападите. Шафик изјавил дека разговарал и со други водачи на муслимански групи во Европа за потребата да се зголеми безбедноста. Тој побарал дополнителна заштита и од британската полиција.
XS
SM
MD
LG