Достапни линкови

Италијански брод „паднал“ во рацете на пирати


Пирати денеска во Гвинејскиот залив заплениле еден италијански танкер со екипаж од 23 луѓе. По добивањето на сигнал дека бродот е во опасност, поморските власти веднаш испратиле два патролни чамци, но не успеале да ги спречат пиратите. Екипажот се состои од 20 филипински морнари, двајца Италијанци, а капетанот на бродот бил од Романија. Пиратите успеале да се качат на бродот, кој носел гориво, во близина на Котону, економскиот центар на Бенин.
XS
SM
MD
LG