Достапни линкови

Груевски упати писмо со сочуство до неговиот норвешки колега


Осло-луѓето оставаат цвеќе за жртвите

Осло-луѓето оставаат цвеќе за жртвите

Премиерот Никола Груевски испрати писмо со сочувство до норвешкиот премиер Столтенберг по повод трагичните настани во Норвешка.
„Длабоко ме потресе веста за големата трагедија и серијата грозоморни напади во Вашата држава во кои животот го загубија голем број граѓани на Норвешка. Иако во овие тешки мигови на национална жалост не постојат зборови кои можат да ја намалат болката, сепак, како што нашиот народ умее да каже: “Споделена тага е помала тага“, и затоа дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство и воедно да го осудам овој грозоморен чин“,се наведува во писмото.
XS
SM
MD
LG