Достапни линкови

Бројот на жртвите од нападите во Норвешка се искачи на 93


Норвешка премиер Јенс Столтенберг

Норвешка премиер Јенс Столтенберг

Бројот на жртвите од нападите во Норвешка се искачи на 93,откако еден човек им подлегна на повредите во болница во Осло.
Норвешкиот премиер, министрите, кралското семејство, и многу луѓе денеска за време на неделната служба во катедралата во Осло им одадоа почит на жртвите.
„Секоја смрт е трагедија, а ова е национална трагедија,“ рече премиерот Јенс Столтенберг за време на службата.
Тој рече и дека лично познавал некои од жртвите и сега неможе да сфати дека заминале засекогаш.
Ширум земјата во црквите се одруваат служби за жртвите.
Папата Бенедикт XVI за време на неговата неделна миса рече дека е „длабока тага“, тоа што се случи во Норвешка.
„Сакам да апелирам до сите да се откажат од патот на омраза и да избегнат од логиката на злото,“ рече папата во неговата неделна молитва.
XS
SM
MD
LG