Достапни линкови

logo-print

Грозни, но неопходни напади?!


Андерс Бехринг Бреивик, осомничен за нападите во Норвешка.

Андерс Бехринг Бреивик, осомничен за нападите во Норвешка.

Осомничениот за извршување на нападитe во Норвешка во кои загинаа најмалку 93 луѓе, призна дека ги извршил нападите.

Осомничениот Андерс Бехринг Бреивик беше уапсен во петокот, по вториот напад на островот Утоја, при што загинаа 85 млади луѓе. Претходно седум луѓе загинаа во експлозија на бомба пред владините згради во Осло. Денеска почина уште еден човек, кој им подлегна на повредите добиени при нападот.

Бреивик бил десничарски христијански фундаменталист и имал анти-муслимански ставови.
Тој призна дека она што го извршил е грозно, но рече дека нападите биле неопходни.

Адвокатот Геир Липестад изјави дека неговиот клиент рекол дека ги извршил нападите затоа што сакал да го спаси норвешкото општество и да го промени. Тој рече дека Бреивик напишал Манифест со своите погледи.

„Тој призна дека она што го извршил е грозно, но рече дека нападите биле неопходни“, изјави адвокатот на Бреивик.

Андрес Бреивик, командант на праведните витези

Медиумите денеска пренесуваат делови од таканаречениот Манифест, насловен како „Европска декларација за независност - 2083“. Манифестот има 1.500 страници, а го потпишува, Андрес Бреивик, командант на праведните витези.

Текстот во кој има и политички и исповеднички дел, содржи и план за нападите.

„Ако сте загрижени за иднината на Западна Европа тука сигурно ќе најдете интересни и значајни информации“, наведува авторот во својот Манифест.


Тој признава дека за пишување на текстот му биле потребни девет години. Во Манифестот, Бреивик го обвинува премиерот Јенс Столтенберг и неговата Лабуристичка партија дека со нивните мултикултурни идеи допуштиле „исламизација на Европа“.

Осомничениот за нападите призна дека дејствувал сам, соопшти полицијата.

„Тој призна дека ги сторил и двата напади - и бомбашкиот на владините згради во Осло и нападот со пиштол на островот Утоја, но не признава кривична вина“, вели шефот на полицијата Свеинунг Спонхеим.
Тој призна дека ги сторил и двата напади - и бомбашкиот на владините згради во Осло и нападот со пиштол на островот Утоја, но не признава кривична вина.

Полицијата стравува дека бројот на жртвите, може да се зголеми, бидејќи се уште има луѓе кои се водат за исчезнати. А во нападите, повеќе од 90 луѓе се повредени.

Осомничениот Андерс Бехринг Бреивик се наоѓа во притвор. Иако тој тврди дека дејствувал сам, полицијата мора да провери се, велат властите. Некои од сведоците на нападот на островот, рекоа дека може биле и двајца напаѓачи.

Од полицијата велат дека засега немаат друг осомничен за нападот. Петочните напади се сметаат за најголем масакр извршен во Норвешка по Втората светска војна.

Бреивик е осомничен за тероризам и се очекува утре да биде изведен пред суд. Тој се соочува со максимална казна од 21 година во затвор ако биде осуден.

Норвешка жали по жртвите

Норвешкиот премиер, министрите, кралското семејство, и многу луѓе денеска за време на неделната служба во катедралата во Осло им одадоа почит на жртвите.
Секоја смрт е трагедија, а ова е национална
трагедија.

„Секоја смрт е трагедија, а ова е национална трагедија“, рече премиерот Јенс Столтенберг за време на службата.

Тој рече и дека лично познавал некои од жртвите и сега не може да сфати дека заминале засекогаш.

Ширум земјата во црквите се одржуваат служби за жртвите. Папата Бенедикт XVI за време на неговата неделна миса рече дека е во „длабока тага“, тоа што се случи во Норвешка.

„Сакам да апелирам до сите да се откажат од патот на омраза и да избегнат од логиката на злото“, рече папата во неговата неделна молитва.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG